Почнуваат Вторите лиги во Македонија: Вардар со младинци во Дебар, Победа на дерби со Кит-Го

Вардар денеска ја почнува новата фудбалска авантура за првпат како второлигаш во самостојна Македонија, а на стартот за гостувањето кај Кораби во Дебар од 16 часот, Црвено-црните имаат многу проблеми.

Не успеаја да ги регистрираат новите играчи и веројатно ќе мора да играат со младинци и само со неколку фудбалери што имаат искуство со натпревари во прволигашкото друштво.

Во Втората лига Запад и Силекс, кој како и Вардар испадна од Првата лига, а има освојувано шампионски титули, ќе стартува денеска со гостување кај Кадино.

Охрид ќе ѝ биде домаќин на Беса, Гостивар ја пречекува Воска, Тетекс ќе ѝ биде домаќин на Велешта.

На Истокот, Победа Прилеп ќе го игра дербито на првото коло со Кит-Го, Осогово и Саса Каменица ќе играат меѓу себе, а има уште три натпревари, на кои Слога Виница ќе му биде домаќин на Братство, Детонит на Беласица и Локомотива на Кожув.

 

- Оглас -

Најнови вести