Арсенал ѝ даде отказ на ѕвездата, и тоа две години пред истек на договорот

Арсенал во најскоро време треба да го отпушти бразилскиот репрезентативец Вилијан Боргас да Силва. Вилијан не е во плановите на тренерот Микел Артета и од клубот работат на тоа да му го поништат договорот кој важи уште две сезони.

Бразилецот начелно се согласил да си замине од лондонскиот тим и веќе има договорено нов трансфер. Офанзивниот играч за врска треба да потпише за Коринтијанс во Бразил. Токму Коринтијанс е клубот од каде што Вилијан ја започна кариерата. Таму има поминато осум години во младинските категории, а потоа една сезона одигра за првиот тим, пред да направи трансфер во Европа.

Од 2007 до 2013 година, Вилијан играше за Шахтар, а потоа направи трансфер во Анжи, каде што се задржа кратко. Челзи беше клубот кој ја одбележа неговата кариера, а на „Стемфорд бриџ“ остана од 2013 до 2020 година, потоа направи трансфер во Арсенал. Вилијан има и 70 мечеви за бразилската репрезентација, а постигнал девет голови.

 

- Оглас -

Најнови вести