Баерн Минхен немаше милост и стигна до втората најубедлива победа во последните 66 години!

Во првото коло од германскиот куп, Баерн Минхен со убедливи 12:0 го елиминира петтолигашот Бремер. Германскиот првак играше во комбиниран состав и ги одмораше Роберт Левандовски и голманот Мануел Нојер, но и тие што беа на теренот беа пресилни за аматерите.

Уште на полувремето беше 5:0 за Баерн, а Чупо Мотинг постигна три гола во првите 45 минути, а потоа погоди уште еднаш во вториот дел, со што беше најефикасен. Уште шестмина други играчи на Баерн погодија барем по еднаш, а домаќините си постигнаа и еден автогол.

Во последните 56 години, ова е втората најубедлива победа на Баерн во кое било натпреварување. Поголема победа имале само над ДЈК Валдберг исто така во Купот на Германија, кога во 1997 година победиле со 16:1.

 

- Оглас -

Најнови вести