Интер го промовира досегашниот играч на Лацио

Аргентинецот Хоакин Кореа е претставен како нов играч на Интер. Овој 27-годишен напаѓач денеска потпиша дека ќе биде дел од Нераѕурите до 2025 година. Кореа доаѓа од тимот на Лацио, а според договорот, во првата сезона ќе игра како позајмен играч, а на крајот од сезоната Интер е обврзан да плати 30 милиони евра за откуп на неговиот договор.

Хоакин во претходните три сезони го носеше дресот на Лацио. За Небесносините од Рим одигра 117 натпревари и постигна 30 голови.

 

- Оглас -

Најнови вести