Изгледа познато, Борко Ристовски сè уште е мајстор за пенали (Видео)

Борко Ристовски сè уште е мајстор за пенали, а голманот што го нарекуваат Министер за одбрана на извонреден начин му одбрани удар од 7 метри на Давид Мандиќ.

Во тек е второто полувреме на првиот четвртфинален дуел меѓу Вардар и Загреб за пласман на фајналфор турнирот во СЕХА-лигата, а македонскиот претставник води со 18:15 по 40 минути игра.

https://twitter.com/SEHALeague/status/1430967515514036240?s=20

Реваншот во Загреб е на 31 август и ќе одлучи која екипа ќе игра на завршниот турнир за титулата. Вардар е рекордер со пет пехари во СЕХА-лигата, а Загреб освои една титула.

Претходно денеска, трикратниот шампион во Регионалното натпреварување, Веспрем, со уште една победа, од 30:25, против Нексе успеа да се пласира на Ф4, што ќе се игра во Задар.

- Оглас -

Најнови вести