Вардар победи на гостувањето кај Железничар од Ниш при конечни 24-22. Во мечот од рамките на 11. коло во СЕХА лигата, актуелниот бранител на трофејот го запиша деветтиот триумф и се врати на врвот на табелата.
Избраниците на Роберто Парондо по првите 30 минути остварија предност од два гола (12-10), сепак, јасно беше дека ништо не е решено. Домаќините цело време се обидуваа да направат пресврт, меѓутоа искуството на вардарци во финишот од мечот им ги обезбеди бодовите.
Карачиќ реализираше пенал во последните моменти и ја запечати победата, а воедно Железничар мораше да се помири со седмото разочарување во регионалното првенство.
Дисингер беше најефикасен со пет подогоци за Вардар, по четири реализираа Чупиќ и Криштопанс, додека Милосављев запиша девет интервенции. Кај поразените, најсраположени беа Вејин и Павловиќ со по четири гола.