Нејмар е главниот фактор за евентуалниот трансфер на Ришарлисон од Евертон во Пари Сен Жермен, но тоа нема да се случи, ако Карамелите не ја намалат огромната сума од 120 милиони евра што ја бараат за Бразилецот.
За Ришарлисон се отвори место во тимот на Пари Сен Жермен по заминувањето на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, но сумата што како отштета ја бара Евертон за бразилскиот репрезентативец парижани нема ниту да ја разгледуваат.
UOL Esporte claim Everton want €120m for Richarlison – Neymar is a fan of him joining PSG, but Les Parisiens surely won't consider this.
— Get French Football News (@GFFN) August 27, 2021
Ришарлисон играше за Бразил на Летните олимписки игри во Токио и го освои златниот медал, а 24-годишниот напаѓач беше и прв стрелец на турнирот со пет гола.
Имаше одлична сезона во Евертон и тој е главен кандидат како замена за Мбапе во ПСЖ, ако Евертон ја намали цената што ја бара како обештетување.