Тренерот Симоне Инѕаги знаеше каков играч сака да донесе во Интер кога бараше од клубот да го купат Хоакин Кореа од Лацио. Вечерва на гостувањето кај Верона, Инѕаги го стави во игра Кореа и му дозволи да дебитира, а Аргентинецот на довербата врати со победнички гол за 3-1 во 83-та минута, а даде уште еден гол за потврда на триумфот во 94-та минута.
Верона водеше со 1-0 по првото полувреме, но Лаутаро Мартинес изедначи и го најави пресвртот. Потоа Мартинес во 74-та минута излезе од игра, и на негово место влезе Кореа.
Ова е феноменалниот клучен гол со глава на Кореа за 2-1:
https://twitter.com/i/status/1431353498537324545