Чудна и опасна порака за еден од јунаците на европскиот првак: Донарума не доаѓај во Милано (Фото)

Џанлуиџи Донарума не е омилен кај навивачите на Милан, но транспарентот што осамна во градот на модата е опасен и заканувачки за еден од јунаците на новиот европски првак Италија.

Му порачаа да не доаѓа во Милано и да внимава ако тоа се случи, што е чудно за голман кој бранеше извонредно на ЕП и му донесе многу радост на италијанскиот народ заедно со соиграчите.

Сепак нетрпеливост постоеше во последните две сезони на голем дел од навивачите на Милан кон Донарума и честопати го нарекуваа Доларума, со асоцијација дека го интересираат само парите.

Џанлуиџи не сакаше да потпише нов договор со Милан и си замина како слободен агент во Пари Сен Жермен, секако без отшета за италијанскиот гигант.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести