И Мурињо знае како се игра тики-така, а тоа го потврдува голот на Ешли Јанг

Манчестер јунајтед беше убедлив и со 4:1 го победи Фулам во најубедливиот меч што „црвените ѓаволи“ го одиграа сезонава на свој терен. Навивачите на „Олд Трафорд“ се израдуваа на четири погодоци, а посебно интересен беше првиот погодок кој го постигна Ешли Јанг.

Во акцијата која Манчестер ја направи за погодокот на Јанг, дури 10 од вкупно 11 играчи на домашниот тим ја допреа топката. Акцијата започна од голманот Де Хеа, кој додаде до Џонс. Домашните фудбалери направија вкупно 25 точни додавања и на крајот топката заврши кај Јанг, кој успеа да помине еден гостински играч и да постигне атрактивен погодок.

https://youtu.be/2tyXutNX4dU

Според начинот на кој Манчестер ја изведе оваа акција и бројот на точните додавања, играчите предводени од Мурињо покажаа дека и тие знаат одлично да ја контролираат топката и да играат тики-така, која е карактеристична за екипите кои ги предводи Пеп Гвардиола.

 

- Оглас -

Најнови вести