Реал блефира со ултиматумот, трансферот на Мбапе ќе се случи во последните 24 часа од преодниот рок

Според информациите на францускиот новинар на „Телефут“, Жулијан Мејнар, Реал Мадрид блефира со ултиматумот поставен до ПСЖ околу понудата за Килијан Мбапе вредна 180 милиони евра.

Наводно до крајот на денешниот ден Светците требаше да одговорат, се шпекулираше дека и оваа понуда била одбиена, но се чини дека ништо од тоа не е точка и дека Кралевите уште чекаат одговор од францускиот вицешампион.

Мејнар исто така тврди дека мегатрансферот ќе се комплетира во последните 24 часа од летниот преоден рок, односно до вторник навечер целата работа треба да биде завршена и Мбапе да го облече белиот дрес.

Во меѓувреме француската ѕвезда се најде во денешниот состав на ПСЖ за гостувањето кај Ремс, во кое со нетрпение се очекува дебито на Лионел Меси за новиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести