Второлигашко дерби накитено со 14 титули – Силекс го победи Вардар со 2:1

Силекс го победи Вардар со 2:1 во дербито на второто коло во Втората македонска лига и има перфектен старт со максималмни шест бода по две кола.

Двете екипи со вкупно 14 титули во независна Македонија, одиграа интересно дерби, а домаќинот успеа да ги освои бодовите.

Интересно беше и на трибините, каде гостите ги бодреше голема група на навивачи, но се радуваа домашните симпатизери.

Силекс поведе набрзина со два гола за 60 секунди. Во 24. минута прецизен беше Давид Манасиевски, а веднаш потоа погоди и Бурхан Алији во 25. минута.

Единствениот гол за Вардар го постигна Дејан Блажевски од пенал во 72. минута. Интересно е што во ова коло дури пет домашни екипи победија, а само Гостивар успеа да освои еден бод како гостин, против Велешта во меч што заврши 2:2.

Силекс е лидер по две кола во Втората Лига Запад, а Вардар двапати гостуваше и има само еден бод. Црвено-црните загубија од Силекс, откако во првото коло ремизираа во Дебар против Кораби без голови.

 

- Оглас -

Најнови вести