Рони О`Саливен и Марк Ален се финалистите на шампионатот на Обединетото кралство во снукер, а љубителите на овој спорт може и да прогнозираат кој ќе победи и да се обложат во уплатните места на SPORT LIFE.
Фаворит на хартија е славниот О`Саливен, кој ако триумфира, ќе постави рекорд од седум титули на овој турнир, кој е вториот најважен во годината, после Светското првенство. „Ракетата“ не е во идеална форма, но лесно дојде до финалето. Во шесте победи, освои 36, а загуби само 9 фрејма од кои пет беа во еден меч. Финалето се игра во десет добиени партии. Рони е во своето осмо финале на турнирот во Јорк, а првото го имаше пред 25 години, кога Ален имал само 7 години.
Сепак, Ален кој е снукер гордоста на Северна Ирска, ќе биде најтешкиот противник со кој 43-годишниот О`Саливен ќе се соочи неделава. „Пиштолот“ Ален синоќа одигра максимални 11 партии против Стјуарт Бингам и победи, иако губеше со 2-4.
Годинава Ален и О`Саливен играа еднаш, на Мастерсот, и победи помладиот играч со убедливи 6:1. Пред тоа, во 2016, О`Саливен славеше трипати по ред.