Пари Сен Жермен не планира толку лесно да се откаже од Килијан Мбапе и ја одби и последната понуда на Реал Мадрид вредна 180 милиони евра. Сепак, последните информации од Франција велат дека „Светците“ ќе се согласат на понуда од 200 милиони евра, или пак 180 милиони, но во понудата да биде вклучен и играч од мадридскиот тим.
Доколку Реал М. одлучи да ги прекине преговорите, ПСЖ ризикува да остане без една од најголемите ѕвезди во тимот, бидејќи договорот на Мбапе истекува наредното лето. За потсетување, францускиот репрезентативец во Париз дојде од екипата на Монако во трансфер вреден 185 милиони евра.