Рио Фердинанд ја откри тајната: Англичаните плачеле и молеле за живот

Поранешниот англиски репрезентативец и еден од најдобрите дефанзивци во изминативе неколку децении, Рио Фердинанд откри една тајна која повеќе од 10 години ја чувале сите во репрезентацијата на „Гордиот Албион“. Рио се присети и раскажа за тоа како сите кои биле дел од националниот тим на Светското првенство во 2006 година во Германија, претрпел невидена траума.

„Во четвртфиналето на Мундијалот бевме елиминирани од Португалија, а потоа ни се случи вистински кошмар. Го имавме најстрашното враќање кон дома. Додека летавме се појави големо невреме и сите помисливме дека авионот може да се сруши. Сите плачевме. Седев во близина на Руни, Џерард и нивните сопруги и сите вриштеа. Луѓето и багажот неконтролирано се движеа, а никој не знаеше да каже што се случува. Кога ги погледнав лицата на стујардесите, знаев дека ситуацијата е многу загрижувачка. Најчесто кога се возам во авион сум смирен, но овојпат не беше така“, раскажува Фердинанд.

На крајот, авионот безбедно слетал во Лондон и сите биле неповредени. Во таа генерација на англискиот национален состав беа и Дејвид Бекам, Мајкл Овен, Џон Тери, Ешли Кол… Никој од нив досега не зборувал за оваа ситуација, а Фердинанд е првиот кој откри што се случувало на тој лет од Германија кон Англија.

 

- Оглас -

Најнови вести