Дресот на Мбапе „исчезна“ од фан шопот на ПСЖ

Килијан Мбапе пристигна во Клерфонтејн, каде што сместена француската репрезентација, и ќе се подготвува за мечот со Босна и Херцеговина од квалификациите за СП 2022, а вечерва ќе му биде тензична бидејќи ќе го чека расплетот од преговорите на Реал Мадрид со неговиот клуб Пари Сен Жермен.

Според шпанските медиуми, ПСЖ ја одбил втората понуда на Реал, која беше 170 плус 10 милиони евра, а сега наводно Кралскиот клуб нуди 170 милиони фиксно, плус 30 за бонуси. Се чека одговорот од Светците. Има шпекулации дека во ПСЖ постои поделеност околу тоа дали треба да се продаде Мбапе бидејќи договорот му истекува и во јули 2022, на неколку месеци пред СП во Катар, клубот кој има катарски газди, може да ја загуби ѕвездата, и тоа бесплатно.

Во Париз има шпански новинари кои известуваат за сите работи поврзани со Мбапе, а попладнево се појави информација дека во официјалните фан шопови на ПСЖ не може да се најде дрес од Мбапе. Продавачите не знаеле зошто е тоа така и дали сите дресови од Мбапе се продадени или има друга причина поради која ги нема.

- Оглас -

Најнови вести