Каков потег на голем џентлмен, го почести Арсенал со 24 милиони евра

Бразилецот Вилијан постапи неверојатно и се откажа од сигурни 24 милиони евра што му следуваа во следните две години во Арсенал, што предизвика огромен респект, особено кај навивачите на Топчиите.

Вилијан се врати во матичниот клуб Коринтијанс, а го раскина договорот со Арсенал, што беше важечки уште две години на своја штета.

Бразилецот кој пристигна во Арсенал од редовите на градскиот ривал Челзи, заработуваше по 280 илјади евра неделно, но постапи џентлменски, што е реткост во модерниот фудбал.

За 13-кратниот англиски шампион играше само една сезона, и тоа лани, и одигра 25 натпревари со еден постигнат гол. Во Челзи беше многу подолго, цели 7 години, и уживаше во огромен респект кај навивачите на клубот со којшто двапати беше првак во Премиер лигата и еднаш го освои пехарот во Лигата на Европа.

Вилјан ја почна фудбалската кариера во Коринтијанс, клуб во кој беше од 10-годишна возраст, а летово се врати во екипата по 14 години.

 

 

- Оглас -

Најнови вести