Шефот на стручниот штаб на Вардар 1961, Веселин Вујовиќ, пред вечерашното гостување кај ППД Загреб во реваншот од четвртфиналето на СЕХА лигата, вели дека неговиот тим не размислува да ја брани предноста од првиот меч, туку ќе се однесува како првиот меч да завршил нерешено. Победникот од овој двобој оди на финалниот турнир во Задар.
„Пред нас е тежок натпревар, ќе мора да одиграме многу добро, Ако одиме да браниме предност од 4 гола, нема да поминем. Ако калкулираме со времето и семафорот, нема да минеме. Во СЕХА лигата сите имаат шанса да стигнат до финалниот турнир. Сакам Вардар да остане како единствен тим кој настапил на сите Ф4 турнири. Покажавме дека играме одличен ракомет со многу контакти. Многу фактори ќе решаваат. Шансите се на наша страна, мислам дека ќе постигнеме повеќе од 21 гол, што би значело дека Загреб ќе мора да победи со најмалку пет гола. Мислам дека е во наша корист што ќе има навивачи на трибините“ – смета Вујовиќ.
Загреб и Вардар ќе се сретнат вечерва од 20 часот, а првиот меч заврши со триумф на вардарци од 24-20.