Мбапе одби да биде најплатен фудбалер во светот!

Француските медиуми изненадија со веста дека Килијан Мбапе одбил да стане најплатен фудбалер во светот. Наводно ПСЖ му понуди нов договор до јуни 2024 година, со сезонска плата од 45 милиони евра, или вкупно 220 милиони евра.

Светците се шокирани од одлуката на Мбапе, кој одби да заработува повеќе од Меси и Нејмар, само за да го облече дресот на Реал Мадрид. Штом желбата не му се исполни ова лето, францускиот ас настојува по секоја цена да се појави на „Сантијаго Бернабеу“, порано или подоцна.

Како што стојат работите, Мбапе ќе го одработи договорот до јуни идната година, а потоа како слободен играч ќе си го исполни сонот.

- Оглас -

Најнови вести