Атлетико ѝ одржа лекција за трансфери на Барселона

Ако пред една деценија, Барселона беше симбол за тоа како се работи паметно на трансфер пазарот, сега тоа не е веќе така. Каталонците во последниве години го „изгубија компасот“ и не можат да ги пронајдат правите играчи. Тоа знаеше да го искористи Атлетико Мадрид кој им одржа лекција за трансфери.

Пред неколку години, Атлетико го продаде Гриезман на Барселона за 120 милиони евра, а за тие пари во своите редови ги донесе Жоао Феликс и Суарез, играчи кои одлично се вклопија и му донесоа титула во Ла Лига на тимот на Диего Симеоне. Сега, Гриезман се врати пак во Атлетико и тоа на позајмица со право на откуп од 40 милиони евра.

За потсетување, Барселона остана без легендата Лео Меси, а еден од главните виновници беше токму Французинот, кој имаше неверојатни примања од 25 милиони евра по сезона. Доказ дека не и оди на Барса во последно време со трансфери е и Фелипе Кутињо кој е само „бледа сенка“ на своите настапи од Ливерпул, а беше платен платен идентично како и Гриезман.

- Оглас -

Најнови вести