Каков шок за рекордерот во СЕХА лигата – Вардар поради Ковид 19 нема да игра на фајналфор во Задар?

Вистонски шок му се случи на петкратниот првак во СЕХА лигата, Вардар, а според информациите што ги пренесе порталот „Г-Спорт“, поради Ковид 19 црвено-црните веројатно нема да играат на завршниот турнир за титулата во Задар.

Вардар имал доволен број на здрави ракометари, но поради позитивен случај на се уште неименуван ракометар нема да играат на фајналфор турнирот.

Македонскиот првак требаше задутре да игра против Мепков Брест во полуфиналето во Задар и да се обиде да се пласира во финалето во меч за шесттата титула во СЕХА лигата.

Дотаму вардарци стасаа со елиминација на Загреб во четвртфиналето со победа во Скопје од 24:20 и пораз на гости со 22:25. Не е објавено која екипа ќе игра на местото на Вардар, но веројатно тоа ќе биде Загреб.

- Оглас -

Најнови вести