6049 Боливија – Колумбија (Квалификации за СП, 22:00 часот)
Ако за некој тим можеме да кажеме дека има огромна предност на домашен терен, тоа дефинитивно е Боливија. Надморската височина на стадионот „Хернандо Силес“, која е 3000 метри, ним им дава голема предност, а главоболки на противниците. Така, вечерва Колумбија ќе мора да се соочи со реткиот воздух кој во минатото им создавал големи проблеми и на останатите селекции.
Иако Боливија не е во добра форма пред своите навивачи, односно имаат само една победа на последните пет средби, неколкуте отсуства на првотимците кај гостите им даваат за надеж за позитивен резултат. Дефинитивно во стартниот состав за Колумбија нема да го има Хамес Родригез, кој би можел да добие шанса од клупата. Последниот меѓусебен меч на боливиско тло, овие селекции го одиграа во 2016 година, а резултатот заврши со 2:3 во корист на Колумбија, која за волја на вистината тогаш беше во многу подобра форма од оваа сегашната.
Предлог тип: 1X & 2+ (2.45)
6716 Чешка – Белорусија (Квалификации за СП, 20:45 часот)
Чешка имаше сосем пристоен настап на последното Европско првенство, каде што во четвртфиналето беа елиминирани од Данска со 1:2. Одличната форма во која се наоѓаат Патрик Шик и неговите другари ќе се обидат да ја продолжат во квалификациите за СП, каде што вечерва ќе се соочат против Белорусија, во меч од четвртото коло од групата Е. Во моментов Чешка има четири бода и е на второто место и само победа е опција за да останат во игра за настап во Катар наредната година.
Од друга страна, пак, Белорусија има две одиграни средби и три освоени бода. Повеќе од јасно е дека во оваа група најголем фаворит е Белгија, па затоа на домаќините на вечерашниот натпревар само три бода им паѓаат на памет. Во нивната историја, овие две селекции се имаат сретнато четирипати и во сите наврати на победа се радувале Чесите.
Предлог тип: 1-1 (1.75)
6722 Исланд – Романија (Квалификации за СП, 20:45 часот)
Исланѓаните ќе го одиграат премиерниот натпревар пред своите навивачи во овие квалификации во кои не блескаат. Во Рејкјавик, противник ќе им биде Романија во дуел кој стартува од 20:45 часот. И двете селекции немаат право на пораз доколку сакаат да останат во каква-таква игра за настап во Катар. Се разбира, бидејќи се во група со Македонија (Е), навиваме за нерешен резултат.
Последната средба меѓу овие две селекции се одигра пред помалку од една година, а резултатот заврши со 2:1 во корист на Исланѓаните. Вечерва се очекува претпазлив натпревар, без многу погодоци. Главната ѕвезда на Исланд, Гулфи Сигурдсон, нема да биде во тимот поради добро познати причини, па затоа тоа ќе биде голем хендикеп.
Предлог тип: Х Било кога (1.69)
7325 Васек Посписил – Илија Ивашка (ОП на САД, 17:00 часот)
Илија Ивашка е во одлична форма во последниов период и за очекување е да продолжи во ист ритам и во второто коло на Отвореното првенство на САД. Таму за противник ќе го има Васек Посписил, кој е далеку од формата од пред неколку години.
Ивашка дефинитивно е фаворит, иако ако се гледа АТП-ранкингот, тоа не е до толку изразено. Васек е на 28-мото додека Илија е на 52-рото место на овој ранкинг. Сепак, тврдата подлога му е омилена на Ивашка, кој на последните 10 средби има 8 победи и две елиминации. Посписил на исто толку мечеви има само три успеси. Ова ќе биде прв меч на двајцата рекети во нивните досегашни кариери.
Предлог тип: 1 со хендикеп гемови 6.5 (1.80)
6723 Шведска – Шпанија (Квалификации за СП, 20:45 часот)
Двете селекции се без пораз во квалификациската група Б, па јасно е дека трите бода од овој меч ќе бидат злато вредни. Шпанија во Стокхолм доаѓа како лидер со седум бода од три одиграни натпревари, додека Шведска со два меча има максимален скор од шест бодови.
Засилени со легендарниот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ, домаќините ќе се обидат да ја нападнат „фуријата“, која предводена од Луис Енрике, игра сè подобро, со оглед на тоа дека имаат очигледна промена на генерациите. Јасно е дека ќе треба време за да се повторат дел од успесите од пред повеќе од една деценија, но очигледно е дека времето работи во корист на Шпанија. На последните три средби овие селекции двапати одиграле нерешено (0:0, 1:1) и еднаш на победа сè имаат радувано Шпанците.
Предлог тип: X2 & 0-3 (1.53)