Микаела Шифрин е најдобра скијачка на денешницата, а тоа повторно го потврди со победа во паралел-слаломот во Сент Мориц.
Американката нанижа пет победи против Лоренс Сент Жермеин, Мине Холтман, Нина Хавер Лосет, Катарина Линсбергер и во финалето против Петра Влхова.
Во финалната трка учествуваа 32 од вкупно 52 претставнички, а шампионката очекувано беше најдобра.