Жил Кунде беше премногу нервозен и заслужено беше исклучен на дуелот меѓу неговата репрезентација Франција и Босна и Херцеговина, кој е во тек, а се игра во Стразбур.
Во финишот на мечот резултатот е 1:1, што е изненадување ако се знае дека Франција е актуелен светски првак и голем фаворит против БиХ.
Кунде ја оштети својата репрезентација во 51-вата минута, кога крвнички стартуваше во дуелот со Сеад Колашинац.
Кунде требаше да биде една од ѕвездите на летниот преоден рок, но Челзи во последен момент се откажа од трансфер на играчот на Севилја.