Фенербахче е во голема криза и повторно доживеа дебакл, вечерва во Маниса од Акхисарспор. Домаќините ја искористија ситуацијата кај турскиот гигант и го декласираа со 3:0.
Елиф Елмас го одигра целиот меч за гостите кои потонаа во зоната за испаѓање со само 14 бодови од 15 натпревари.
Бокила, Ману и Регатин погодија за домашниот тим, а изненадувачки ова е четврта победа по ред на Акхисарспор против Фенербахче.
Тимот од Истанбул има мини-серија од три меча без победа и наместо како што се очекуваше да атакува на титулата, моментно е во зоната за испаѓање.