По две децении минати во Формула 1, Кими Раиконен најави дека ќе се пензионира по крајот на оваа сезона. Легендарниот Финец, кој освои една титула, го напушта најбрзиот циркус на планетава и најави фокусирање на останати работи, неповрзани со тркањето.
Раиконен можеби и не е најдобриот Ф1 возач во историјата, но дефинитивно е најголемиот „шоумен“ во овој спорт, иако тој никогаш нема да го признае тоа. Без разлика за кој тим и да вози, секогаш бил интересен да се следат неговите конверзации со тимот, новинарите и фановите. Затоа, ви издвојуваме една видеокомпилација од најсмешните моменти со „Ајсмен“.