За Кристијано Роналдо завршија репрезентативните обврски во овој септемвриски циклус. Тој откако даде два гола за победа во финишот на дуелот со Република Ирска и стана светски рекодер по број на постигнати голови за репрезентација, погодокот за триумф го прослави со соблекување на дресот и доби жолт картон, кој значеше суспензија од еден меч.
Португалците треба да одиграат уште еден меч, на 7 септември гостуваат кај Азербејџан, а Роналдо секако нема да игра поради акумулирани жолти картони, па доби дозвола да замине во Манчестер, каде што ќе се подготвува за премиерлигашкиот меч со Њукасл на 11 септември, што ќе биде враќање на Португалецот во англиското првенство по 12 години.
На 4 септември, Португалија игра пријателски меч против Катар, а Кристијано нема да се појави ниту на таа средба.