Кристијано Роналдо синоќа првпат се појави во Манчестер откако потпиша договор со Манчестер јунајтед, во кој ќе ја продолжи кариерата. На аеродромот во градот на текстилот и фудбалот, Роналдо на приватниот терминал беше пречекан од техничкиот директор на Црвените ѓаволи, Дарен Флечер.
Флечер и Роналдо беа соиграчи во Јунајтед, па имаа што да си кажат. Роналдо кој ќе го носи дресот со бројот 7, му се става на располагање на менаџерот Оле Гунар Солскјер, и се очекува да дебитира на 11-ти септември против Њукасл, или евентуално три дена подоцна против Јанг бојс во Лигата на шампионите