Холандија нема да ја повтори грешката на Турција

6755 Словенија – Малта (18.00 часот)

После четири кола, овие две репрезентации изненадувачки имаат ист број на бодови, по 4, а разликата е во тоа што Малтежаните имаат двојно повеќе постигнати и двојно повеќе примени голови. Словенците ја шокираа Хрватска на стартот, а потоа во три кола освоија само еден бод. Малта пред три дена го надигра Кипар и оптимистички замина во Љубљана. Малта губеше на досегашните две гостувања во Словенија и притоа не даваше ни гол, па ќе ја следиме традицијата.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.74)

 

6758 Кипар – Русија (18.00 часот)

Кипар има четири бода и последен е во групата, а Русија има само три бода повеќе, а го дели првото место во ова изедначено друштво во кое се и Хрватска, Словенија, Словачка и Малта. Кипар е многу неефикасен тим, има постигнато само еден гол, но тој гол против Словенија им донесе три бода. И Русите не може да се пофалат со ефикасност, пред четири дена одиграа 0-0 со Хрватска. Русите пред две години кога гостуваа на Кипар, победија со 5-0.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.04)

 

6761 Словачка – Хрватска (20.45 часот)

Словаците немаат пораз, мајстори се за ремија, но од четирите меча, дури трипати играа нерешено. И Хрватите можеби ќе се задоволат со бод во Братислава, иако традицијата е на нивна страна, на шест пресметки со Словаците, Коцкестите никогаш не претрпеле пораз. Хрватска не блеска во овие квалификации, после четири кола има гол-разлика 4-1. Ако гостите постигнат повеќе од еден гол, би требало да победат.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.60)

 

6763 Украина – Франција (20.45 часот)

Украинците и Французите ги разочараа своите навивачи пред три дена кога одиграа нерешено на мечеви кои требаше и планираа да ги добијат. Украинците киксираа против Казахстан, и сега имаат четири нерешени во четири кола. Франција е прва во групата, има две победи и два порази, а нападот ќе биде ослабен со неиграњето на Мбапе и Жиру. Во март во Париз, Украина извлече 1-1, а Франција пред осум години кога последен пат гостуваше во Киев, загуби со 0-2, Погба и Лорис добро го паметат тој пораз.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.12)

 

6764 Холандија – Црна Гора (20.45 часот)

Ова се две селекции кои ќе водат голема борба со Турција и Норвешка за првите две места во групата. Црногорците пријатно изненадија против Турците, а за Лалињата, ремито со Норвешка може да се смета за неуспех, па сега имаат поправен. Холандија дома е опасен тим, на Црногорците нема да им биде лесно да останат непоразени во Ајндховен. Црна Гора речиси две години нема пораз на гостински терен, а ова е прв меѓусебен дуел на овие земји.

Предлог тип: 1-1 (1.61)

- Оглас -

Најнови вести