Кристијано Роналдо синоќа пристигна во Манчестер, и мора да седи во карантин пет дена, а тоа е на три дена пред следниот меч на Манчестер јунајтед против Њукасл. Британската влада го одби барањето на Црвените ѓаволи да му се дозволи на фудбалерот да не биде затворен дома. Попуст нема за никого, сите што од Португалија доаѓаат во Велика Британија, карантинот е задолжителен.
Според она што се бара од властите во Лондон, и Роналдо како и секој друг кој допатувал во Велика Британија, треба да има два негативни тестови за коронавирус пред да смее да му се приклучи на тимот. Тестовите ќе му бидат направени на вториот и петтиот ден од изолацијата. Ако двата се негативни, Кристијано ќе може да биде со својот нов тим.
Следниот меч на Јунајтед е на 11-ти септември против Њукасл од Премиерлигата и се очекува Роналдо да добие одредена минутажа, а доколку не заигра, тогаш би требало да се појави на 14-ти септември кога имаат дуел со Јанг Бојс во Лигата на шампионите.