Кога газиш сé е дозволено, истрча на терен и си направи селфи со Депај на среде меч (Видео)

Интересен момент се случи на квалификацискиот меч меѓу Холандија и Црна Гора во ситуација кога веќе се беше решено, па едно момче успеа да си ја оствари целта.

Лалињата победија со 4:0, а во моментот кога имаше прекин на мечот момчето влета на терен и си направи фотографија за спомен со Мемфис Депај. Недозволено секако, но во тие моменти и сосема неважно, па момчето само без реакција на обезбедувањето се врати на трибината и доби аплауз од публиката.

Boy takes selfie with Memphis Depay during match against Montenegro from soccer

Депај постигна два гола, по еднаш прецизни беа Вајналдум и Гакпо, па сега Холанѓаните со 10 бода се втори на табелата во Г групата, зад лидерот Турција со 11.

Десет бода има и Норвешка, со 7 е Црна Гора, Летонија има четири и Гибралтар е без бодови по пет кола во квалификациите за настап на Мундијалот во Катар следната година.

 

- Оглас -

Најнови вести