Александар Трајковски денеска го слави 29-тиот роденден. Нашиот член на фудбалската селекција кој во моментов се наоѓа во Исланд, заедно со останатиот дел од македонската експедиција има мотив плус за нови три бода и со тоа останување во чекор за пласман на Светското првенство во Катар.
Трајковски, кој од пред неколку денови е нов член на Алборг од Данска, во дресот на сениорската репрезентација на Македонија има постигнато 18 погодоци од 65 одиграни натпревари. Тој за прв пат срелаше во 2013 година на пријателски меч против Бугарија. Средбата меѓу Исланд и Македонија се игра денеска со почеток од 18:00 часот по Средноевропско време. Да се надеваме дека нашиот напаѓач ќе додаде уште некој погодок на своето репрезентативно конто.