Серхио Агуеро е една од приновите на Барселона кои дојдоа летово, но Аргентинецот уште нема дебитирано, бидејќи се рехабилитира од повреда. Сепак, популарниот Кун веќе не го мачи толку многу повредата и тоа што нема да биде соиграч со Лионел Меси поради кого и потпиша за Барса, поголем проблем му претставува снаоѓањето низ градот Барселона.
„Возам и ГПС-от ми вели да свртам десно. Но, кога ќе дојдам до местото каде треба да се сврти десно, не смее да се врти. Јас секако вртам десно, и други возачи ми свират со нивните сирени, ќе се судрев. Се карав со еден таксист, ми рече дека на таа улица не сум смеел да влезам. Ви се колнам, или улиците се лоши, или јас сум лош возач. Според мене, улиците не се како што треба“ – раскажа изненадениот Агуеро.