Бразилската и Аргентинската фудбалска федерација во координација со ФИФА и со КОНМЕБОЛ имале договор и дозвола мечот во Сао Пауло да се игра со присуство на четворицата гостински играчи коишто настапуваат во Англија.
Имало дозвола и од бразилската Влада, па затоа е уште почудно што претставници на Агенцијата за јавно здравје, Анвиса, на шокантен начин се обидоа на терен да ги отстранат Ло Селсо, Мартинес, Ромеро и Буендија со цел да ги депортираат од Бразил.
„Бразилскиот фудбалски сојуз жали за целата ситуација, но со ништо не придонесе да се случи ваков скандал. Агенцијата за јавно здравје имаше време да реагира пред мечот или по завршувањето, а не да се упадне на овој начин. Сакаме да истакнеме дека ние не сме виновни и не баравме од Анвиса да реагира“, истакнаа од Бразилскиот фудбалски сојуз.
Покерот аргентински фудбалери, според претставници на Анвиса, го прекршиле протоколот за ковид-19, кој предвидува за луѓе што доаѓаат од Англија, каде што овие играчи играат фудбал за Тотенхем и Астон вила, да бидат во задолжителен карантин 14 дена.
#BrazilvsArgentina has been abandoned after health officials stormed the pitch to detain #Argentina players who had failed to quarantine. #Brazil are now having an open training session instead.#Argentina #BRAxARG pic.twitter.com/GsP0nwLggv
— Atik Liman (@atikul_liman) September 5, 2021
Мечот беше прекинат во петтата минута и не продолжи, а вечното дерби сега ќе се решава на зелена маса или евентуално ќе се бара нов термин да се преигра.