Романците го победија Лихтенштајн, публиката им скандираше „Срамете се“

Романија е следниот противник на Македонија во квалификациите за настап на Мундијалот во Катар, а ќе ни бидат гости на 8 септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Вчера, иако го победија Лихтенштајн, романските репрезентативци не минаа добро кај својата публика на Националната арена во Букурешт, а имаше и вербални напади од трибините по мечот што заврши со победа на Романија од 2:0.

Публиката почна со свирежи да протестира поради калкулантската игра на своите миленици во финишот на мечот, а потоа се скараа со Николае Станчу.

Група родители со своите деца ја чекаа ѕвездата на романската репрезентација да им подели автограми, но фудбалерот на Славија Прага ги одби.

Се вадеше на строгите ковид-19 протоколи, но како одговор доби навреди. „Засрами се. Децата дојдоа на стадион за вас. Го разбирате ли тоа?“, довикуваа родителите, но Станчу објасни дека е опасно да има контакт со нив и децата поради пандемијата со корона-вирус.

Мечот меѓу Македонија и Романија ќе се игра од 20,45 часот во Скопје на 8 септември. Романците по победата против Лихтенштајн и нашето реми 2:2 против Исланд не прескокнаа на табелата во Ј групата.

Тие сега имаат 9 бода, зад Германија со 12 и Ерменија со 10, а Македонија е четврта со 8 бода, пред Исланд со четири и Лихтенштајн без бодови.

 

 

- Оглас -

Најнови вести