Страшна гол-машина е Левандовски, гол на секој меч во оваа сезона

Роберт Левандовски веќе со години наназад е можеби и најдобрата светска „деветка“ во фудбалот. А дека годините не се проблем за него, говори и фактот дека оваа сезона Полјакот за својот клуб и репрезентацијата постигнал најмалку по еден погодок.

На вкупно шест одиграни средби, тој во листата на стрелци се запишал дури десетпати. На последниот, вчерашен меч против Сан Марино, Левандовски стрелаше двапати, а претходно против Албанија погоди еднаш.

Во дресот на Баерн Минхен сезоната ја отвори со гол против Борусија Менхенгладбах, додека во последното коло од германското првенство дури трипати ја погодуваше мрежата на Херта. Во меѓувреме даде голови и против Келн, како и во дуелот од Суперкупот против Борусија Дортмунд.

 

- Оглас -

Најнови вести