„Бомба“ на Кинтеро – Ривер по четврти пат е шампион на Јужна Америка (видео)

Ривер плејт го освои Либертадорес купот совладувајќи го големиот градски ривал Бока јуниорс со 3-1 (вкупно 5-2) во реванш-средбата која се одигра на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. За пр пат во историјата, одлучувачкиот меч се играше надвор од Јужна Америка, а Ривер по продолженија успеа да ја освои четвртата континентална титула во својата историја.

Бенедето пред финишот на првото полувреме донесе предност за Бока, а Ривер возврати преку Прато во 68-мата минута. Регуларните 90 минути не донесоа победник, па се одлучуваше во дополнителните 30, во кои Ривер доминираше.

Голема работа за нив заврши и црвениот картон на Бариос, па Бока се обидуваше да изнуди пенал-рулет, додека фудбалерите на Ривер притискаа за одлучувачки гол. До посакуваната цел стигнаа во 109-тата минута, Кинтеро беше човекот кој со фантастичен удар надвор од шестнаесетникот го матираше противничкиот голман.

Бока во финишот можеше и со два играчи помалку да стигне до израмнување, меѓутоа нивната закана заврши во дирекот, па веќе во следниот напад Мартинез го казни притисокот на Бока и погоди празна мрежа во последната минута од дополнителните 30.

https://youtu.be/7Pfy-fvks5c

- Оглас -

Најнови вести