Бразилскиот репрезентативец Ришарлисон им фати сеир на Аргентинците по прекинатиот меч во Сао Пауло и шокантните сцени што ги приредија претставниците на Агенцијата за јавно здравство, Анвиса.
Тие пристигнаа во петтата минута и влегоа на терен за да ги депортираат четворицата играчи на Аргентинците што настапуваат во англиската Премиер лига.
По неверојатните сцени, Ло Селсо, Ромеро, Мартинес и Буендија, сепак, куртулија од карантин, итно депортирање во Аргентина и казни, но мечот беше прекинат.
Ришарлисон го знае победникот и објави пост на „Инстаграм“.