Македонската одбојкарска репрезентација загуби и во четвртиот натпревар на Европското првенство, но и покрај тоа, од трибините добиваа голема поддршка во далечниот Тампере во Финска.
Навивачката експедиција притоа им одржа лекција по географија на домаќините кои нашата селекција ја претставија како Северна М. Така пишуваше на семафорот за дуелот против Шпанија, но присутните македонски навивачи со своите шалови покажаа кое е правилното име на нашата земја, а тоа е Македонија.