Мбапе одби 200-милионски договор, но, сепак, џебовите ќе му бидат полни благодарение на Реал

Килијан Мбапе речиси сигурно ја игра последната сезона во дресот на ПСЖ и веќе е најавена неговата преселба во редовите на Реал Мадрид како слободен играч следното лето.

Тој одби повеќегодишен договор од Светците вреден 200 милиони евра со кој можеше да биде еден од најплатените фудбалери во светот, тоа не го привлече и сигурно нема да се кае што ја одби последната понуда за нова соработка.

Кралевите докажаа дека нема да штедат за неговите услуги иако 180 милиони евра беа малку за ПСЖ да прифати трансфер ова лето, со што францускиот гигант ги уништи шансите за заработка. За Реал ќе се покаже дека е добро што ќе почека уште неколку месеци за да го види Мбапе во белиот дрес, а наводно веќе е подготвен огромен бонус при потпис за брзоногиот Французин.

Имено, Мбапе ќе инкасира 80 милиони евра при самото пристигнување на „Сантијаго Бернабеу“, настрана неделната плата и останатите бонуси според учинок и успех, кои исто така ќе бидат богати.

 

- Оглас -

Најнови вести