Лапорта: Чудно беше да се гледа Меси во дрес на ПСЖ

Ако за некој тим можеме да кажеме дека имаше хаотичен трансфер-период, тоа дефинитивно беше екипата на Барселона.

Каталонскиот гигант остана без услугите на Лео Меси, а подоцна и без Антоан Гриезман, со цел да ги намали трошоците кои со текот на годините се „натоваруваа“. Претседателот на клубот, Жоан Лапорта, јавно говореше за изминативе месеци и што за тоа се случуваше.

„Да бидеме јасни, вратата за Лео Меси назад во Барселона никогаш нема да биде затворена. Го гледав неговото деби во ПСЖ и навистина беше чудно да се види тој играч во друг дрес. Едноставно, не можевме да му го продолжиме договорот бидејќи од Ла Лига ни наредија дека мораме да го ставиме клубот под хипотека. Кога сме кај Гриезман, сметам дека тој е квалитетен играч, но дека не се вклопи во идеологијата на тимот. Едноставно, беше лоша одлука да се дадат толку пари во тоа време“ изјави првиот човек на Барса.

- Оглас -

Најнови вести