Не се случило досега – Семафорот не беше вклучен, а веќе е досуден пенал (Видео)

Семафорот се уште не беше вклучен на националниот стадион во Дар Ес Салам, а веќе имаше пенал за Танзанија на дуелот со Мадагаскар.

Во првата акција на мечот голманот на гостите направи прекршок во четвртата секунда и беше досуден пенал што успешно го реализира Ерасто Ниони.

Tanzania [1]-0 Madagascar – Erasto Nyoni penalty 2′ from soccer

Ова е еден од најбрзите пенали во историјата на фудбалот и на меч од квалификации за настап на Светско првенство.

Танзанија успеа да го победи Мадагаскар во ефикасен меч со 3:2 и по две кола со 4 бода е лидер на табелата во Ј групата во африканските квалификации за пат во Катар.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести