Александар Бајевски е нов спортски директор на Вардар, објавија од најтрофејниот македонски фудбалски клуб. Еден од најомилените поранешни вардарови играчи во следниот период ќе ја обавува важната функција во спортскиот дел.
Популарниот Бајо играше за Вардар во најтешките моменти за клубот во 2008 година, кога на дуелот со Милано во Куманово беше капитен и единствен од сениорите што настапи за да не се случи административна преселба на клубот во понизок ранг.
Сега ќе има тешка задача да помогне 11-кратниот првак да се врато во Првата лига, откако Вардар минатата година за првпат во самостојна Македонија испадна од елитата.