Холандија вчеравечер во Амстердам ја победи Турција со 6:1. Избраниците на Луи ван Гал прикажаа одлична игра и дојдоа до 13. поен во групата Г од квалификациите за СП.
Мемфис Депај повторно блесна, овој пат со постигнати три погодоци на средбата, а вториот следуваше по мајсторски одиграна акција со неговиот соиграч Дејви Класен.