Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челзи и Лидс нема да можат да сметаат на своите бразилски играчи на наредните своите мечеви, откако ФИФА ја усвои жалбата на бразилската федерација која се жалеше што овие пет клуба од англиската Премиерлига не ги пушти своите Бразилци да се појават во квалификациите за Светското првенство.
Фудбалерите кои се блокирани од ФИФА се Фред (Манчестер јунајтед), Тијаго Силва (Челзи), Рафиња (Лидс), Алисон Бекер, Фирмино, Фабињо (Ливерпул), Едерсон и Габриел Жезус (Манчестер сити), и тоа во периодот од 10-ти до 14-ти септември. Ова значи дека тие нема да играат на наредниот меч на нивните клубови во Премиерлигата, а Тијаго Силва и Фред нема да бидат во комбинација за Челзи односно Манчестер ј. за дуелите од ЛШ во вторник.
Исклучок е Ришарлисон од Евертон, за него немало барање за „забрана“ поради добриот однос на Евертон кој му дозволи на напаѓачот да игра на ЛОИ во Токио.