Целта на Романците била до 70-та минута да имаат 0-0, па да нападнат

Романскиот селектор Мирел Радои по освоениот бод во Скопје против Македонија верува дека неговиот тим има реални шанси да се пласира на второто место и да се бори за пласман на Светското првенство.

„Пред натпреварот, целта ни беше да ја држиме Македонија на 0-0 до 70-тата минута, а потоа во финишот да нападнеме и да се обидеме да ги освоиме трите бода. Задоволен сум, на добар пат сме да го освоиме второто место, иако пред нас се уште тешки мечеви како тој со Германија“, изјави Радои.

- Оглас -

Најнови вести