На Германците им се случувала драма на враќањето од Исланд, авионот морал принудно да слета

По завршувањето на мечот со Исланд, кој го добија со 4-0, Германците веднаш полетаа кон родната земја и требаше да слетаат во Франкфурт, но авионот додека летал имал сериозен проблем, па во интерес на безбедноста, одлучено било принудно да слетаат во шкотскиот Единбург и на леталото да му се направи детална проверка.

Инаку, авионот среде лет одеднаш се навалил на десната страна и почнал да се спушта.

Германските репрезентативци од рано утрово се во Единбург и нема да се враќаат заедно дома, туку секој посебно, зависно од тоа каде треба да отпатува. Интересно е што Нојер, Гнабри и Кимих не биле во авионот, туку останале во Рејкјавик да преспијат, па денеска со редовна линија да се вратат во Минхен. Тие ќе се вратат дома побрзо од некои нивни колеги кои веќе требаше да бидат пристигнати.

 

- Оглас -

Најнови вести