Трајковски почна со тренинзи во Алборг, ќе биде во топ-форма за мечот со Германија

Александар Трајковски денеска беше и официјално претставен како нов играч на данскиот Алборг и веќе и тренираше со новите соиграчи.

Македонскиот репрезентативец летово си замина од Мајорка откако немаше минутажа, а и во последно време не беше во тренажен процес, па сега ќе се обиде да надомести со добри настапи во данското првенство.

Ова е добра вест и за нашата репрезентација бидејќи ни следуваат два меча во октомври, на 8 против Лихтенштајн во Вадуз и три дена подоцна и мегадуелот со Германија во Скопје.

Алборг е четирикратен шампион на Данска и клуб со одлично реноме, а последната титула ја освои во 2014 година. Моментно во тековното првенство на оваа земја, Алборг е на петтата позиција со 12 бода по 7 кола.

 

 

- Оглас -

Најнови вести