Дуелот меѓу Лидс и Ливерпул во кој Црвените водат со 2-0 по околу 70 минути игра беше засенет со страшната повреда која ја претрпи Харви Елиот. Талентарниот играч за врска на Ливерпул го заврши дуелот на најлош можен начин, откако Страјк со лизгачки старт од позади му ја собра левата нога и многу веројатно се здоби со скршеница.
Мо Салах беше во непосредна близина и откако ја виде состојбата на Елиот испаничено бараше што побрзо да се интервенира, а откако лекарскиот тим брзо реагираше, Египќанецот во неверување се повлече неможејќи да ја поднесе целата ситуација.
Интервенцијата траеше неколку минути пред Елиот да биде изнесен од теренот, а Страјк оправдано заработи исклучување и ги остави домаќините на цедило.