На натпревар во Мајами од Универзитетската лига во американскиот фудбал, најатрактивниот потег кој ги воодушеви сите на стадионот се случи на трибините, кога фанови со помош на американското знаме спасија мачка која падна од висина од десетина метри.
Инцидентот се случи на мечот помеѓу Универзитетите Мајами и Апалакија. Мачката некако се најде во ситуација да виси на горната трибина на „Хард-рок стадионот“ и се држеше за кабли.
Додека траеше напнатоста, навивачите на долната трибина растегнаа знаме со намера ако мачката падне, да падне врз знамето и со тоа да се ублажи ударот и да се спаси животното. Мачката не можеше веќе да се држи и падна, но слета директно на знамето и го преживеа падот. Сите навивачи се радуваа кога сфатија дека мачката е жива.
Погледнете ја целата ситуација:
A stray cat at the Miami football game fell from the upper deck and these guys saved it by catching it in an American flag.
Dudes rock. pic.twitter.com/9qgXkdiLFH
— Caleb Hull (@CalebJHull) September 12, 2021